Ding – smart ѕвонче и домофон за врата

popara3 ноември, 20161min00
7

Ding е „smart“ ѕвонче за врата кое истовремено функционира и како домофон, но кој што може да го користите без разлика дали се наоѓате дома или не.

Ding се состои од 3 дела – ѕвонче кое стои пред вратата, звучник кој се наоѓа внатре во домот и апликација за вашиот смартфон.

Кога посетителот ќе го притисне ѕвончето, покрај звукот на ѕвонењето истовремено се активира и Ding апликацијата на телефонот, која што овозможува да зборувате со него на ист начин како што тоа би го правеле преку домофон – со таа разлика што, на пример, доколку дојде поштар, а вие сте на работа (или било каде освен дома), можете да зборувате со него веднаш штом ви заѕвони на вратата. Постои можност и звукот да се исклучи во одредени периоди од денот, доколку, на пример, не сакате никој да ве вознемирува во доцните вечерни или раните утрински часови.

Инаку, ѕвончето се поврзува со звучникот користејќи ја DECT технологијата која се употребува во безжичните телефони. Тоа овозможува HD аудио конекција, има домет од 40 метри и сигналот без проблем може да поминува и низ ѕидовите на домот. Звучникот, секако, треба безжично да се поврзе со домашниот рутер, за да ѕвончето е на интернет и да е способно да се спои со апликацијата.

Самиот уред може да работи на батерии или да биде приклучен на жици во ѕидот (како секојдневните обични ѕвончиња) , а доколку се напојува на батерии тогаш издржува до 3600 минути работа со едно полнење, што би требало да е доволно за околу 6 месеци, со по едно ѕвонење/повик дневно. Кога батеријата е при крај, Ding ќе ве потсети дека треба да ја наполните.

Ding е идеален уред доколку сте размислувале за инсталирање на компликуван интерком систем за по дома, бидејќи ќе ви заштеди не само пари, туку и раскопување на ѕидовите потребно за нивна инсталација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag