Џеј Ло знае како треба да се истакнат облините!

16 јануари, 20160
111 copy
Латино дивата Џенифер Лопез речиси никогаш не греши гоа станува збор за модата.

Многумина велат дека кралско сината боја е новата црвена. Со својата појава, тоа го потврди и 46 – годишната Џенифер Лопез.


Имено, после доделувањето на Златните глобуси каде што носела совршена жолта тоалета, латино дивата на промоцијата на својата нова серија „Shades of Blue” носела тесен син фустан со совршен крој.

Почнувајќи од должината на фустанот која досега до под колената преку сечениот дел на едно рамо, овој фустан истакнал точно онолку колку што требало да се види.


Остатокот му го препуштила на фантазијата.

Се чини дека убавата Џеј Ло овој пат ја пронашла вистинската мера – ни вулгарно, ни гола, а сепак толку сексипилна.


Исто така, популарната пејачка направила полн погодок и со фризурата. Како и многу познати ѕвезди, и Џеј Лоџ одлучила некое време да го носи моредниот подолг боб наместо бујна долга коса која долго време беше нејзиниот заштитен знак.

Инаку, во споменатата серија која ја промовира, Џенифер глуми детективка, самохрана мајка која станува клучен фактор во ФБИ за борба против корупцијата.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *