Солени стапчиња кои веднаш ќе ве освојат
Крцкави однадвор, меки и сочни одвнатре. Токму такви се овие солени стапчиња кои откако еднаш ќе ги откриете, ќе станат ваша омилена закуска.
Потребни состојки:
– еден голем компир
– три моркови
– еден кромид
– 2 лажици маслиново масло
– 2 чешниња лук
– 3 стапчиња моцарела (или парче сирење/кашкавал од кое ќе обликувате стапчиња)
Подготовка:
Сварете го компирот заедно со морковите. Испржете ги кромидот и лукот во маслиново масло, и додадете ги во садот со сврениот зеленчук. Од оваа смеса формирајте мали плескавици во рацете а во средината ставете парче сирење. Замотајте го во форма на цилинцар, и наредете ги во тава за печење. 3 до 5 минути на висока температура е сосема доволно за да се стопи внатрешноста, а надворешноста да добие крцкава текстура.
Послужете заедно со вашиот омилен сос и уживајте во вкусот.