Ел Чапо е уапсен, но не и неговата десна рака: Мистериозната дама ја нарекуваат „дух“

19 јануари, 20160
Ел Чапо е уапсен, но не и неговата десна рака: Мистериозната дама ја нарекуваат „дух“

Откако Ел Чапо повторно беше однесен зад решетки, местото „најбаран дилер на дрога“ на листата на американската полиција за борба против наркотици остана празно. Меѓутоа, само на кратко, бидејќи набрзо го пополни една дама.

Новото „лице број 1“ на оваа листа е Марија Тереса Осорио де Серна, жена со потекло од Колумбија која е обвинета за перење пари и трговија со наркотици, и по која интензивно се трага.

За разлика од планетарно популарниот Ел Чапо, за Марија Тереса многу малку е познато. Според податоците на њујоршката полиција, таа е родена помеѓу 1045 и 1950 година, а толку е мистериозна што „Би-би-си“ ја нарече „дух“.

Како што наведува „Раша тудеј“, американската полиција не била ни одблизу на трагата до Марија Тереса. Последно што се знае за неа е дека живеела на Флорида, и дека користела неколку лажни имиња.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi