Wall Street Journal: Дојде крајот на Европска унија

19 јануари, 20160
11

Истече времето кога Европа беше стабилна и предвидлива, објави Wall Street Journal.

Американскиот весник тврди дека сега ситуацијата на Стариот континент „станува се` послична на средовековната“. Бидејќи, Европа, не успеала да создаде единствен простор, се враќа во времињата кога со континентот владееле меѓусебно разединети држави кои ги штителе само сопствените интереси.

Политиката на Европска унија со нејзината централизација не само што не беше во состојба да ја реализира идејата за унитарна Европа, туку нејзиниот краен резултат е – масовно незадоволство на граѓаните и пораст на националистичкото расположение, нагласува Wall Street Journal.

Историјата гадно се пошегува со Европа. Таа во текот на годините можеше да живее во просперитет и да ги развива своите високи идеали за универзални човечки права, вклучувајќи го и правото за добивање азил во ЕУ, само благодарение на тоа што на нејзината периферија постоеја репресивни режими кои своите граѓани ги држеа под строга контрола во своите граници, тврди весникот и заклучува:

Сега кога е блиску до распад, Европската унија се претвора во некој вид доцна Света Римска империја – во повеќенационална конфигурација без вистински внатрешни врски. Светата Римска империја во свое време, иако се нарекуваше империја, тоа беше само по назив, но никогаш по својата суштина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi