Во Првата светска војна, мексиканската војска го користела островот Мариета како полигон за тестирање на различни бомби. Плажата настанала како резултат на тоа, но за нејзиниот изглед придонеле и некои други фактори, како временските услови и ерозијата.
Во една прилика на овој остров бил тестирана бомба поради која се отворил голем кратер, а со текот на времето настанала плажа која мексиканците ја нарекуваат „Плажа на љубовта“. До оваа плажа може да се дојде исклучиво преку воден тунел.
Вентура Осорио кој работи како водич на овој остров, го објаснува овој феномен.
– „Во текот на Првата светска војна, мексиканската војска го користела островот како полигон за тестирање бомби. Оваа плажа настанала како резултат на тоа“.