Извршители и ја опколија куќата, а Карлеуша избега од дома!

popara16 ноември, 20161min00
5

Во домот на Јелена Карлеуша упаднаа извршители и полиција за да запленат дел од нејзиниот имот поради неплатен долг на пејачката во износ од три милиони динари – пишува Курир.рс.

Оваа сума била одредена од судот и треба да и ја плати на колешката Дијана јанковиќ за повреда на угледот и честа.

Карлеуша не го платила долгот во законски предвидениот рок, па ја посетиле извршители и полиција во нејзиниот дом.

Пејачката заминала од имотот уште пред да пристигнат, бидејќи не можела да гледа што се случува, пишуваат српските медиуми.

Јелена наводно се вратила дома откако извршителите си ја завршиле работата. Кавгата меѓу Карлеуша и Дијана започна пред две години, кога Јелена ја исмеваше својата помлада колешка, по што таа и возврати и и порача дека носи лажни кристали.

Карлеуша не и остана должна, па повторно ја испровоцира на социјалните мрежи.

– Извесна Дијана го коментираше мојот стајлинг. Не ја знаете? Ни јас. Баш ме интересира која е и во кој мотел го доби прекарот Стотка, напиша Јелена по што Дијана и прати тужба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag