Кајли Миног се свршила со 20 години помладиот актер Џошуа

12 јануари, 20160
5

Пејачката Кајли Миног (47) во Лондон го покажа големиот дијамантски прстен со што ги поттикна гласините дека се свршила со 20 години помладиот актер Џошуа Сасе (27).
Пријателите на Кајли велат дека таа не ја симнува насмевката од лицето и дека сака да го покажува дијамантскиот прстен на раката.

Австралијката се сврши со Џошуа само по четири месеци врска. Пејачката и актерот се вратиле во Лондон од зимувањето кое го поминале во Женева. Таму наводно актерот ја запросил.

Кајли неодамна открила дека сака да има деца со својот избраник бидејќи тоа и е неостварена желба во животот. Двојката се запозна во септември на снимањето на мјузиклот „Галавант“.

Поп-ѕвездата никогаш не се мажела, а претходно таа извесно време беше во врска со францускиот актер Оливие Мартинез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi