Како да го спречите опаѓањето на косата

popara18 октомври, 20161min00
4

Џенифер Анистон е една од многу луѓе кои имаат проблем со прекумерно опаѓање на косата, поради што се ослонува на скапи третмани. Но, скапите третмани не се единствено решение за опаѓање на косата. Еве неколку мерки кои можете да ги преземете за да спречите натамошно опаѓање на косата.

  • Не чешлајте влажна коса затоа што тоа ги зголемува шансите за опаѓање на косата. Почекајте да се осуши па тогаш чешлајте ја.
  • Кога ја засушувате косата со пешкир, правете го тоа нежно. Енергичното трљање може да доведе до опаѓање на косата.
  • Користете чешел со широки запци затоа што нежно ја отплеткува косата и го смалува ризикот од кинење.
  • Редовно чистете ги четките и чешлите. Нечистотијата што се таложи на нив може да доведе до опаѓање на косата.
  • Користете масло за коса и еднаш неделно приуштете си третман со врело масло за да ви остане здрава косата.
  • Шампонот што го користите може да биде премногу агресивен за вашата коса, пробајте некој поблаг шампон. Хемикалиите можат да ги отстранат природните масти од косата, што доведува до опаѓање на косата.
  • Не ја врзувајте косата премногу цврсто и немојте често да правите комплицирани фризури. Разни производи можат да ја уништат вашата коса, а одредени фризури ја затегнуваат косата од коренот. Исто така, немојте да користите гумени ластичиња за коса.
  • Урамнотежената исхрана е клучна за здрава коса. Опаѓањето на косата може да е знак дека вашиот организам не го добива тоа што му е потребно, па затоа треба да консумирате храна богата со протеини, железо, цинк, витамини А, Б, Ц и Е и Омега-3 заситени киселини.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag