
Кендис Свонепул ја замени жешката долна облека со кул спортски парчиња во најновиот каталог на Викторијас Сикрет Спорт.
Кендис на фотографиите го покажа своето неверојатно тело кое неодамна имавме прилика да го видиме и на ревијата на Викторијас Сикрет. Спортски патики, градници, хеланки и кратки топови со потписот на познатиот бренд и во кои оваа манекенка изгледа совршено. Силни бои кои ги вклучуваат розовата и жолтата, со кои Кендис изгледа подготвено за тренинг, и кои воедно ја будат желбата и во нас и ние оваа сезона да бидеме поактивни и почесто да одиме во теретана.







