Кое е најдоброто време од денот за оргазам?

4 ноември, 20160
8

Иако сигурно ви е добро позната теоријата за утрото како најдобро време за секс, хормоналниот експерт Алиса Вити за „Дејли Мејл“ објаснува дека вистинската магија всушност се случува околу 3 часот попладне.

Научната поткрепа на ова тврдење е дека во тоа време од денот, хормонот кортисол кај жените е на највисоко ниво, заради што се поенергични и поподготвени. Во скоро истото време, кај мажите има зголемен естроген (женски хормон кој исто така го има и кај мажите), заради што според Вити мажите се „повеќе емотивно присутни“ за време на сексот. Со други зборови, има поголема шанса мажот да се концентрира на тоа што го сака жената, на пример, вистинска предигра.

Веќе е познато дека само околу половина од жените можат да постигнат оргазам само со пенетрација, па затоа утринскиот брз секс е далеку од идеален за нив. Кај мажот, пак, тестостеронот се собира во текот на ноќта, така што во 7 часот наутро го има прилично за да не може многу да ги успори работите за да ги задоволи сексуалните потреби на жената. Во 3 часот попладне, пак, тестостеронот е на пониско ниво, значи нема многу да му се брза.

За жал, најголем дел од работоспособното население во тоа време е на своето работно место, но сепак за уживање ви остануваат викендот и празниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma