Кој знак е “фатална жена” според хороскопот?

5 јануари, 20160
10

Секој хороскопски знак е посебен и заводлив на свој начин, но според момците најсексипилниот знак е Шкорпијата.

Еве зошто дамите во знакот на Шкорпија се толку посебни.

Врската со шкорпијата е како бесно возење… тоа значи дека партнерот ќе ги има некои од најдобрите но и најлошите денови во животот.

Но токму тие моменти ќе го тераат да се враќа назад. Дамите кои се шкорпии се комплексни личнсти кои сериозно ја сфаќаат врската. Тие на својот партнер ќе му покажат љубов подлабока од онаа која предходно ја доживеале.

Шкорпиите го познаваат својот партнер многу добро…тие се интуитивни и имаат свои начини да ги читаат луѓето. Исто така сакаат да ја имаат контролата во свои раце, па партнерот често знае да го прави тоа што тие го сакаат, а притоа да мисли дека е негова идејата.

Шкорпијата секогаш го кажува тоа што го мисли…пасивно агресивниот стил “Добро сум“ кој дамите го користат и кога не се добро е многу иритантен за мажите. Но дамите кои се шкорпија според хороскопскиот знак не се замараат со тоа. Тие се директни и го кажуваат тоа што го мислат дури и кога е најдобро да молчат.

Шкорпијата доминира на работното место но и во креветот… без разлика каде се наоѓа таа кога ќе зацрта нешто го исполнува. Таа е мотивирана и не е срамежлива кога нешто сака да добие.

Шкорпијата е тврдоглава но и неверојатно лојална… иако често знае да биде напорна, секогаш е тука кога треба да му се чува грбот на партнерот.

Шкорпијата ќе го натера партнерот добро да се потруди, но знае дека е доволно вредна за тоа…тешко е да се скрши оклопот и затоа овие дами не се вљубуваат толку лесно. Но кога ќе го пронајде совршениот маж таа ќе го почитува и ќе му направи да се чувствува неверојатно добро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi