Ешли Грем, најпознатиот модел со облини, минатата година се појави во изданието на „Sports Illustrated“ посветено на костими за капење, но како дел од рекламна кампања. Годинава таа официјално е еден од моделите кои ќе ги разгоруваат машките фантазии со жешки фотосесии.
„Ова е остварување на мој сон. Ви благодарам на сите што ги поддржувавте облините. Нашите гласови беа слушнати“ – напиша Ешли на социјалните мрежи.
Во последните неколку години списанието често беше критикувано заради тоа што секогаш ѕвезди на страниците се слаби манекенки. Ангажирањето на Ешли се смета како голем чекор во прифаќањето на модели со различна форма на телото.
Ешли започна да работи како модел во 2003 година, а досега има соработувано со повеќе брендови како Addition Elle и Forever 21 и списанија како „Vogue“, „Harper’s Bazaar“ и „Glamour“.