Кралицата на облините, Ешли Грем, за „Sports Illustrated Swimsuit“

10 февруари, 20160
10

Ешли Грем, најпознатиот модел со облини, минатата година се појави во изданието на „Sports Illustrated“ посветено на костими за капење, но како дел од рекламна кампања. Годинава таа официјално е еден од моделите кои ќе ги разгоруваат машките фантазии со жешки фотосесии.

Ешли Грем Ешли Грем

„Ова е остварување на мој сон. Ви благодарам на сите што ги поддржувавте облините. Нашите гласови беа слушнати“ – напиша Ешли на социјалните мрежи.

Во последните неколку години списанието често беше критикувано заради тоа што секогаш ѕвезди на страниците се слаби манекенки. Ангажирањето на Ешли се смета како голем чекор во прифаќањето на модели со различна форма на телото.

Ешли Грем Ешли Грем

Ешли во рекламната кампања која минатата година беше објавена во „Sports Illustrated Swimsuit“

Ешли започна да работи како модел во 2003 година, а досега има соработувано со повеќе брендови како Addition Elle и Forever 21 и списанија како „Vogue“, „Harper’s Bazaar“ и „Glamour“.

Ешли Грем Ешли Грем

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber