Маските ја хранат и негуваат косата

26 октомври, 20160
3

Негата на косата бара време, внимание и пари. Но, не секогаш. Понекогаш и едноставна домашна маска на база на маслиново масло, јајце, глина, или банана, може да направи чудо и да допринесе за подобар изглед на вашата “грива”.

 Ако косата брзо се масти

Помешајте зелена глина и јаболков оцет, во еднаков размер (по 20-40 лажици), матете ги додека не добиете хомогена смеса, намачкајте го коренот на косата, завиткајте ја косата со пластична фолија и оставете да делува најмалку 15 минути. Потоа измијте ја косата со шампон на вообичаен начин. Благодарејќи на киселината, овој природен препарат ефектно ги чисти влакната од штетните честички од надворешната средина, додека истовремено глината ја абсорбира нечистотијата и ја спречува појавата на првут.

За суви и кршливи влакна

Измешајте 1 авокадо (или банана), 2 лажици маслиново масло, 2 лажици мед и 1 жолчка, изматете со миксер додека не добиете мазна и кремаста смеса. Пред употреба, намокрете ја косата со топла вода, избришете ја со пешкир и потоа со прсти втријте ја маската во коренот на косата. Завиткајте ја косата со пластична фолија и оставете да делува најмалку 30 минути. Потоа измијте ја косата на вообичаен начин и осушете ја.

Оваа маска можете да ја чувате во фрижидер неколку дена во херметички затворен сад.

Против опаѓање на коса

Помешајте 2 жолчки, 1 лажица маслиново масло, 2 лажици мед и 2 лажици коњак. Изматете со вилушка додека не добиете хомогена смеса, втријте ја во влажна коса, добро измасирајте го коренот и оставете да делува 30-60 минути. Потоа измијте ја со шампон и осушете ја природно. Оваа маска ја стимулира циркулацијата на крв во коренот, го спречува опаѓањето и го поттикнува растењето на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma