Местата каде светската елита го минува својот зимски одмор

11 јануари, 20160
5

Замислете ваш приватен апартман, личен готвач, топол базен и шатл со ски терените… тоа можат да си го дозволат само ултра богатите скијачи. Овие апартмани каде луксузот прераснува во перверзија се местата каде светската елита го минува својот зимски одмор.  

Bella Coola – Вербиер, Швајцарија

Луксузната понуда во Bella Coola вклучува апартман за брзо „одмрзнување“, 10 метри долг топол базен и шампањ бар. Сместен помеѓу двата главни ски лифта на Вербиер, овој апартман има идеална местоположба за оние кои кога ќе претераат со скијање, сакаат да уживаат во топлата атмосфера покрај огромниот базен.

Цена – од 31700 швајцарски франци или 24 014 евра за една седмица.

Le Coquelicot – Куршевел, Франција

Британскиот принц Хари, претседателот на Казакстан Нурсултан Назарбајев и руските олигарси се дел од листата на гости кои го посетиле овој „Париз на снег“.

Ова е луксузно прибежиште каде што познатите можат да избегаат од папараците и да уживаат во 10 метри долгиот базен, сауна и просторија за масажи. Елитниот апартман вклучува батлер, приватен транспорт со авион.

Цена – од 38 950 евра за една седмица.

One Oak– Межев, Франција

Можеби Межев не е толку луксузен ски центар како Куршевел, но колибата One Oak не заостанува ни малку во елитизмот. Со тигарски кожи на подот, гранитни ѕидови и Harley Davison на влезот, декорот на овој апартман е сон за секој рапер. Апартманот располага со џакузи, камин и модерно рустичен ентериер.

Цена – од 17750 евра за една седмица.

Artemis – Св.Антон, Австрија

Бред Пит и Анџелина Џоли се дел од А-листата на Св. Антон, дестинација која е благословена со ниската надморска висина и многу снег. Хексагоналниот апартман Artemis има четири ката и повеќе наликува на хотел отколку на апартман.

Катовите се поврзани со лифт во облик на буквата Л на латиница (L), а ниското приземје вклучува базен, џакузи на отворено и на затворено, и соба за масажа со масер и козметичар кои доаѓаат на повик. Гостите можат да уживаат и во приватната кино сала со 12 седишта.

Цена – од 30120 евра за една седмица.

San Lorenzo Mountain Lodge– Доломити, Италија

На минатогодишните Светски скијачки награди, овој апартман беше прогласен за најдобар апартман во ски-центар.

Сместен во куќа од 16-от век, во длабоката Доломитска шума, тој вклучува финска сауна, турска бања и камен вински подрум полн со најскапите и најдобри вина.

Покрај алпското скијање и прошетките низ неверојатната природа, сопствениците Џорџиа и Стефано, на гостите им овозможуваат и алтернативни активности како: зимски параглајдинг и берење печурки.

Цена – 2400 евра на ден за две лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber