Младите патат од анксиозност

25 октомври, 20160
9

Многу истажувања покажаа дека најмалку ментални проблеми се јавуваат во оние заедници каде постои добра општествена поврзаност, кадешто постои мрежа на психолошка поддршка.

Пореметувањата на менталното здравје се меѓу шест најчести незаразни болести, предупредија експертите по повод денот на ментално здравје.

Во истражувањето на здравје на населението во Србија е утврдено дека 4, 1 проценти од населението покажува симптоми на депресија, а СЗО проценува дека во земјите на Европа секој 15-ти жител има симптоми на депресија.

Личностите со ментални проблеми и понатаму ги следи стигматизација и не се вклучени во општествениот живот. Во рамки на антистигма кампањата “Сите наши тајни” е претставено истражување “Од што се срамат младите во Белград” на Центарот за едукација, истражување и развој. Се откри дека тајните скоро на сите се исти – чувство на срам, проблеми со самодоверба, анксиозност, контрола на сопствените емоции, проблематични семејни односи.

Психологот Даниел Мешковиќ вели дека во психијатриските установи постојат одделениа за адолесценти, но дека младите имаат страв да се јават за помош, како и дека лекарите во здравствениот систем се преоптеретени, така да имаат ограничено време за секој пациент.

– Нашите установи немаат пристап наклонет кон младите. Обидот да се направи советувалиште на ниво на домовите за здравје, се враќа повторно. Меѓутоа, луѓето кои работат во советувалиштата, психолози, педијатри, гинеколози, се чини дека се недоволно обучени – вели Мешковиќ.

Менталните проблеми се светски феномен. Многу истражувања покажаа дека најмалку ментални проблеми се јавуваат во оние заедници каде постои добра општествена поврзаност и каде постои мрежа на психолошка поддршка.

– Денес можеме да видиме друштво кое седи во кафуле и сите гледаат во мобилните телефони – вели Мешковиќ и додава дека расте бројот на луѓето со пореметување на личноста, бидејќи сме во ера на пребрзи промени, премногу случувања, премногу информации.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma