Нахранете ја вашата коса – 5 нутриенти за здрава коса

31 октомври, 20160
8

Тајната за густа, јака и сјајна коса не е во скапите шампони или третмани – се е во вашата исхрана. Јадењето на најразлични здрави производи ќе ви помогне да имате коса каква што отсекогаш сте посакувале. Дополнете ја исхраната со овие  нутриенти и имајте ја најздравата коса.

Железо и цинк

Според дерматолозите, железото и цинкот им помагаат на фоликулите да растат. Предложуваат да јадете црвено месо два пати неделно, кое ги содржи и двата. Немaсните извори на железо и цинк, како соја и леќа, комбинирајте ги со храна богата со витамин Ц, како портокали, за да ја зголемите апсорпцијата на железо.

Протеини

Протеините се градбени материи на нашето тело, тие го промовираат растот на клетките и нивната обнова и секако ја зголемуваат јачината на косата! Жените треба да консумираат барем 46 грама на ден.

Витамин Д

Повеќе истражувања покажале дека витаминот Д може да го поттикне растот на косата. Меѓутоа го има во многу малку природни продукти, па затоа најлесно решение е да седите на сонце неколку минути на ден за да му помогнете на телото да создаде повеќе.

Омега 3 масни киселини

Јадете риба како лосос два пати неделно за хидратација на косата, или земајте суплементи. Омега 3 масните киселени покрај тоа што ќе ви дадат сјајна коса, ќе му помогнат на вашето срце и при депресија.

Биотин

Јајцата се богати со овој витамин Б неопходен за раст. Покрај тоа тие се одличен извор на протеини, холин и витамин Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi