Најдобрите вежби кои постојано можете да ги правите

26 јануари, 20160
15

Од кревање тегови, до зумба танцување – постојат голем број фитнес трендови денес на кои се посветуваат голем број млади луѓе. Меѓутоа кога станува збор за вежбањето, дури и постарите би можеле да ги вметнат следниве вежби во нивните тренинг репертоари – сите се совети од најдобрите професионалци.

1. Пешачење

Ништо не може да го надмине пешачењето. Оваа вежба е функционална, достапна и погодна за сите возрасти и способности. Најдоброто од се` е што пешачењето ќе го намали ризикот од предвремена смрт, болести како хипертензија и симптоми на депресија.

2. Трчање

Ви се смачи од пешачење, па сакате нешто попредизвикувачко? Тогаш добро би било да започнете да трчате. Оваа активност ги зајакнува нозете, ги одржува колената и колковите здрави, го зајакнува здравјето на срцето и го поттикнува телото да согорува повеќе калории дури и тогаш кога се одмара.

3. Чучњеви

Доколку чучњевите кај вас предизвикуваат да не можете повеќе да се движите, тогаш дефинитивно треба да започнете да ги практикувате почесто. Ова движење ви помага во спречувањето на болки и повреди на долниот дел на грбот, колкот, колената и глуждовите; ја зголемува флексибилноста и рамнотежата и ја подобрува комуникацијата меѓу мозокот и мускулите.

4. Турски вежби

Дали сте слушнеле за таканаречените „Turkish get ups“? Ова е активност која вклучува држење на тегчиња над вашата глава и движење од позиција на лежење до станување и повторно легнување. Вежбата се смета за една од најпрактичните вежби за целото тело. Дури и ако ја практикувате без тегови, вежбата сепак ќе ја подорби вашата сила, координацијата и балансот.

5. Пливање

Пливањето е совршена вежба за сите возрасти. Не само што е одличен кардиоваскуларен тренинг, туку и водата обзбедува отпорност за зајакнување на мускулите, додека ги штити зглобовите.

6. Склекови

Можеби мислите дека склековите се вежби за раката, меѓутоа всушност тие се вежби за целото тело со кои работи горниот дел од телото и нозете.

7. Plank

Иако оваа вежба се смета за вежба за стомачните мускули, таа е многу повеќе. Вежбата помага во изградбата на мускулите на рацете, рамото и грбот; ја подобрува рамнотежата и држењето на телото, го зајакнува долниот дел од телото и помага во намалувањето на болката во грбот. За да ја отежните вежбата, кренете ја едната нога, а потоа другата, неколку сантиметри од подот или штицата.

8. Pullup

Можеби сте ја правеле оваа вежба на физичко, меѓутоа постои причина зошто се препорачува за било која возраст. Оваа вежба гради сила во вашите раце, рамена, болки во мускулите и лактите преку подигнување на тежината на сопственото тело. Во зависност од расположливата опрема, можете да ја прилагодите тежината со додавање на ремен или користење на Pullup машин.

9. Истегнување

Кога сме кај физичко, тогаш сигурно се сеќавате дека вашиот/ата наставник/чка по физичко постојано ви повторувал/а дека треба да се истегнете пред да започнете со било каква вежба. Со истегнувањето го одржувате вашето тело да биде флексибилно, и вашите мускули здрави. Целта на истегнувањето е да си помогнете себеси и да не предизвикате никаква повреда.

10. Здрава исхрана

Храната е најважниот дел од секоја фитнес рутина, а вежбањето е второ по ред. Одржувањето на балансирана исхрана со овошје и зеленчук, протеини, јаткасти плодови и здрави масти ќе помогне во било која рутина за вежбање и ќе ви даде одлични резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi