Што му се случува на вашиот организам кога не пиете вода?

26 јануари, 20160
24

За да ја задоволите вашата жед, најдобро е да земете чаша обична вода. Меѓутоа, овој природен извор на здравје често пати заборавате да го вклучите во вашата секојдневна рутина, со тоа што правите голема штета врз вашиот организам и тело. Доколку забележите некои од следните знаци подолу, тогаш тоа значи дека на вашето тело му недостасува вода.
1. Устата ви е сува

Очигледне знак за жед се манифестира преку сувоста на усната, јазикот и усната шуплина и тоа значи дека вашето тело е дехидрирано. Доколку некогаш сте претерале со алкохол, тогаш сигурно ја знаете потребата да имате вода до вас следното утро. Треба да го слушате вашето тело и да ги задоволите неговите потреби.

2. Кожата ви е сува

Кожата е најголемиот орган. Водата не само што е потребна на кожата, туку доколку не пиете вода таа може да биде исушена со што после тоа следуваат сериозни последици за телото. Освен тоа, недоволно вода ја намалува можноста телото да поти, и да ги исфрла токсините од организмот.

3. Очите ви се суви

Недостатокот на вода се манифестира и низ очите, кои поради сувоста стануваат црвени.

4. Ве болат зглобовите

‘Рскавицата и ‘рбетните дискови содржат 80% вода. Ако сакате да спречите непријатно триење на коските, тогаш треба да пиете соодветни количини вода.

5. Намалување на мускулната маса

И мускулите содржат значителни количини на вода. Помалку вода во телото автоматски се поврзува со намалување на мускулната маса. Редовното пиење вода пред, за време и после вежбањето на телото му даваат гориво за да се одржува и да го намали влијанието од болести.

6. Чувство на замор

Поспаност, замор и безволност се дополнителни симптоми за недостаток на вода во вашиот организам. Кога пиете несоодветна количина на вода, телото „позајмува“ од другите достапни органи поради што се чувствувате лошо и побавно се опоравувате од болести.

7. Напади на глад

Дехидратацијата го лажи вашиот мозок, па тој му испраќа пораки на телото дека е гладно. Затоа ве фаќаат напади на глад во секое време од денот и ноќта, па дури и во сонот.

8. Лошо варење на храната

Водата го навлажнува дигестивниот систем, а соодветната количина на вода спречува проблеми со цревата. Доколку не пиете доволно вода, тогаш ќе се соочите со киселини во желудникот.

9. Намалена потреба за во тоалет

Недостатокот на вода влијае и врз потребата да одите во вц. Ако не одите во вц 4 до 7 пати во текот на денот, тогаш пиете многу малку вода.

10. Знаци на прерано стареење

Недостатокот на вода влијае и врз вашето лице. Бидејќи влијае врз кожата, таа станува изложена на привремени брчки, ја губи еластичноста и со тоа резултира појава на стареење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş