Најстарата жена ја открива тајната за долгиот живот

9 ноември, 20160
10

Ема Морано наполни 117 години на 27 септември. Таа открива која е тајната на нејзиниот долг живот. Таа јаде по две јајца дневно и така веќе 90 години.

Родена е во 1899 година во Вербанија, Италија. Таа започнала да јаде јајца редовно кога имала 20 години откако лекарот и дијагностицирал анемија. Тој и рекол да консумира по две неварени и едно варено јајце дневно, секој ден.

„Јадам по две јајца дневно и тоа е сé. Јадам и колачиња. Но, не јадам многу, бидејќи немам заби.“

 

Foto: Thinkstock

Нејзиниот доктор Карло Бава потврди дека неговата пациентка не се придржувала до конвенционалните нутриционистички совети.
„Ема никогаш не јадеше многу зеленчук и овошје. Кога се запознавме јадеше по три јајца дневно, две неварени наутро, кајгана на пладне, а пилешко навечер“, кажа тој.

 

Овие денови Ема не јаде многу и не го напуштила својот стан веќе 20 години. Таа го надживеа целото свое семејство, како и пријателите и не сака да ги прославува родендените.

„Луѓето доаѓаат од Америка, Швајцарија, Австрија… Доаѓаат од сите страни за да ме видат“, вели Морано.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma