Наставниците во Шкотска се лекуваат поради нарушено ментално здравје

30 декември, 20160
10

Барањето за слободен пристап до информации од страна на Либерално-демократската партија во Шкотска покажа дека наставниците, директорите, наставниот персонал за поддршка и персоналот во градинките вработен од страна на советите отсуствувале 477.000 дена поради ментални проблеми во 2013 и 2014 година. Бројките покажуваат пораст од година во година односно 158.639 дена во 2015 и 2016 во споредба со повеќе од 150.000 во 2014 и 2015 и речиси 140.000 во 2013-2014 година, пренесува „Independent“.

Либерал-демократите изјавиле дека податоците ја нагласуваат потребата да се намали товарот на наставниците, кои се жалеле на преоптовареност со работа во последните неколку години, па поради тоа им било потребно лекување на менталното здравје.

Портпаролот за здравство, Алекс Кол-Хамилтон изјавил:

„Фактот дека наставниците зеле речиси половина милион слободни дена од работа поради лошо ментално здравје дава една многу загрижувачка слика на работната сила која е под силен притисок. Тоа што бројките се зголемуваат од година во година покажува дека тие јасно не добиваат вистинска поддршка. Ова покренува сериозни прашања за политиките на образование и менталното здравје на шкотската влада. Знаеме дека лекувањето на проблемите со менталното здравје не е достапно веднаш кога на луѓето им е потребно. Десетици илјади луѓе чекаат повеќе од 18 недели за да побараат помош што им е потребна. Ние исто така, повикуваме на финансиска помош за образованието во износ од 500 милиони фунти со кој ќе се финансира дополнителна поддршка за наставниците и учениците, трансформирајќи го шкотското образование и би ја промениле состојбата на нашето опаѓање на меѓународната положба“.

Портпаролката на шкотската влада рекла:

„Ние ќе продолжиме да работиме тесно со синдикатите и локалните власти за решавање на прашањата со кои се соочуваат наставниците и ќе се осигураме дека тие се соодветно поддржани. Ја разбираме клучната улога што менталното здравје ја има, особено на работното место. Тоа е причината зошто ние сме првата шкотска влада во која има министерско место посветено на проблемите на менталното здравје и причина зошто ние инвестираме дополнителни 150  милиони фунти за зголемување на поддршката за области кои се апсолутни приоритети за нас, вклучувајќи подобрување на пристапот до услугите и зголемување на поддршката за рана интервенција и превенција, за поддршка на здравјето на луѓето. Ова ќе придонесе за трансформација на службите за ментално здравје што ние сакаме да го постигнеме во текот на следните 10 години. Ние ќе ја поставиме нашата визија за трансформација во следната стратегија за ментално здравје, која ќе биде објавена на почетокот на 2017 година“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *