
Еден Јапонец ги шокира корисниците на социјалните мрежи кога објави видео во кое се гледа како еден човек ги покажува своите неверојатни способности.
Исаму Фелипе Нагано (22), во делот за пушачи на еден шопинг центар во Јапонија, снимил неименуван тип кој покажал неверојатни трикови.
„Без никаков сомнеж можам да ви потврдам дека ’магичниот човек’ успеа да ја натера картонската чаша да лебди. Побаравме да го повтори тоа, и го направи тоа со друг предмет“, објаснил Исаму.
Трикот молскавично се прошири на социјалните мрежи, но и покрај неговата популарност, се уште не се знае кој е ’магичниот човек’.
https://www.youtube.com/watch?v=z1oW0iipzAU