Норвешка планира да биде прва земја без пушачи

6 јануари, 20160
9

Норвешкото здружение на доктори (Legeforeningen – NMA) до 2035 година во оваа скандинавска земја има за цел да го претвори норвешкото општество во непушачко, а како прв чекор кон таа цел тие предложија забрана за продажба на тутунски производи за луѓето родени од 2000 година па натаму.

Претседателката на NMA, Марит Хермансен изјави дека консумирањето на тутунски производи не е основно човеково право.

„Долго време имаме политика за постепено укинување на пушењето до 2035 година. Оваа мерка е за постигнување на целта. Сакаме генерации без тутун“, вели таа.

„Не треба да се забрани пушењето, но ние сакаме младите да не започнат со консумирање на тутунот“, вели таа, додавајќи дека верува во политичката поддршка за иницијативата на ова здружение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi