Оваа мајка сега е мртва: Ќе се наежите кога ќе видите како го спасила бебето!

26 февруари, 20160
2

Тоа било несреќен случај, кој завршил на сите насловни страници низ земјата. Сепак, требало да помине една година, полициските службеници кои тој ден го спасиле животот на едно мало девојче, јавно да признаат дека имале „помош од горе“. Покрај тоа, снимката од спасувањето открива звук за кој многумина веруваат дека навистина доаѓа од анѓели…

Денот кога заедно со уште тројца свои колеги, од остатоците на еден автомобил паднат од мост во бездна на река, ги извлекувале повредените, полицаецот Тајлер Бедоес нема да го заборави додека е жив. На полицијата и пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата им биле потребни 14 часа да ги извлечат луѓето од сосема уништениот автомобил.
Во автомобилот, врзанo на своето седиште, се уште дишело двегодишно девојче. Во тој момент, полицајците биле уверени дека во автомобилот имало и други преживеани, бидејќи како што изјавиле слушнале глас на возрасна жена која повикувала за помош.
На снимката која го обиколи светот е забележан звук, на кој се слуша „Помогнете ми, Помогнете ми!“ .
Меѓутоа, во уништениот автомобил, единствениот преживеан било малото девојче, а покрај неа била нејзината мајка која веќе со часови била мртва.
– Тоа нас не охрабри, Бевме уверени дека внатре има возрасна жена, но кога го отворивме автомобилот сфативме дека мајката на девојчето со часови е мртва, – изјавил Тајлер.
На полицајците им биле потребни месеци јавно да признаат дека тој студен ден во мај 2015 година, им помогнал Бог и дека на местото била присутна некоја виша сила, ангел.
– Јас не сум единствениот кој го слушна тој глас, Го слушнаа и моите колеги кои беа на терен со мене, изјавил полицаецот, кој додал дека тој настан го променил засекогаш.
– Чудесно е дека малечкото девојче преживеа таква несреќа.
Тој се свртел кон Бога и напишал книга за своето искуство која носи наслов „Доказ за постоење на ангелите“. Исто тако воспоставил контакт со таткото на девојчето, малата Лили која била спасена, а сега се семејни пријатели.
Погледнете го видеото ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi