Памела Андерсон го претстави својот 19-годишен син
12 јануари, 20160
Памела Андерсон беше придружувана од својот згоден син за време на хуманитарната гала на Шон Пен за собирање средства за децата во Хаити.
На настанот „Help Haiti“, 48-годишната актерка позираше во црвена припиена креација покрај 19-годишниот Брендон Ли.
Пред свеченоста, Ли сподели фотографија на Instagram.
Брендон е син на Памела и на Томи Ли, со кого таа беше во брак три години, а со кого се познаваше само четири дена пред да се омажи. Заедно, тие имаат уште еден син.
Андерсон го роди Брендон додека беше дел од чуварите на плажата во хит-серијата „Baywatch“.