Почина Дејвид Боуви

11 јануари, 20160
12

Музичката икона Дејвид Боуви почина ноќта кон понеделникот, по 18-месечна борба со ракот, соопшти неговото семејство.

„Дејвид Боуви почина мирно, опкружен со семејството, по 18-месечна храбра битка со ракот. Иако многумина од вас ќе се приклучат кон изливите на болка поради оваа загуба, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството додека тагува“, објави на социјалната мрежа тимот на Боуви.

Култниот британскиот музичар кој во половина век ја обележи и ја менуваше музичката сцена пред три дена го прослави 69-от роденден, објавувајќи го албумот Blackstar, а јавноста не беше запозната со неговата болест.

Дејвид Боуви е роден 1947 година во Лондон како Дејвид Роберт Џонс. Кариерата му трае повеќе од четири децении, а во историјата на музиката се запиша како човек со илјада лица, уметнички имиња и музички стилови – од глем рок, соул, денс поп до електронска музика.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi