Модното шоу на Ели Сааб секоја година се очекува со нетрпение. Какви занесни фустани оваа година ќе презентира либанскиот дизајнер?
Внимателно изработени парчиња, со богата тантела и орнаменти, нежни, женствени, едноставно кажано излезени од бајка. Оваа година она што е ново е изборот на чевли од страна на дизајнерот – сребрени чизми кои наликуваат на мартинки и рамни сандали. Погледнете дел од магијата на високата мода…