Погледнете како го чуваат озогласениот Ел Чапо!

21 јануари, 20160
Погледнете како го чуваат озогласениот Ел Чапо!

Доколку Јоакин Гусман, мексиканскиот нарко бос познат како Ел Чапо, успее по трет пат да побегне од затвор, тогаш може да го сметаме за магионичар.

Имено, Ел Чапо се наоѓа под такви мерки за надзор што бегството се чини невозможна мисија, доколку во помош не му пристигне до заби вооружена војска.

Внимавајте сега, откако пред две недели е фатен и вратен во затворот Ел Алтиплано, дури и кога ќе мрдне со прст тоа го бележат бројни сензори за движење. Покрај тоа, непрекинато го следат чувари со камери на нивните кациги, потоа дресирани се кучиња да реагираат на неговиот мирис, а воедно под подовите на ќелијата во која престојува, поставени се дополнителни челични шипки.

Исто така, Ел Чапо за секој случај малку се преместува од ќелија во ќелија (во последниве пет дена, тоа се случило седум пати), а затворот во меѓувреме набавил и 400 нови камери.

Потсетуваме, Ел Чапо од Ел Алтиплано избега во јули кога низ тунел долг 1,5 километри ископан специјално за него поминал со специјално изработен мотоцикл.

Првиот човек на картелот Синалоа го уапсија маринците во Лос Мочис.

Гусман накратко успеал да им избега низ тајна врата која се наоѓала зад стаклото во спалната соба на катот и поминал повеќе од километар и половина во канализацијата пред да биде пуштена голема количина вода како би го натерала да излезе.

При акцијата маринците морале да се пресметаат со 15 членови на неговиот картел кои го чувале вооружени со автоматски пушки и рачни фрлачи.

Петмина се убиени, а ранет е еден специјалец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *