Жените кои се плашат од сериозно врзување или се држат премногу на слобода, обично преферираат да одат со женети мажи. Во почетокот, тие се убедени дека никогаш нема да потонат и нема да побараат да формираат семејство со мажот кој го одбрале, но кај 99% од случаите се добива токму спротивното.
Порано или подоцна жените се заљубуваат неразумно и почнуваат да љубоморат на него. Тие го сакаат само и исклучиво за себе. Доаѓа момент во кој сфаќаат дека не сакаат да ги поминуваат празниците сами, далеку од човекот, кого го сакаат толку силно …
Дамите треба да знаат дека скоро секоја таква врска предизвикува многу болка. Подобро е да ја прекинете врската со женет човек уште во самиот почеток, затоа што во спротивно бидете сигурни дека ќе дојде денот кога ќе жалите за овој свој избор и ќе страдате.
Друга грешка што некои припаднички на понежниот пол си ја дозволуваат плашејќи се од сериозно поврзување е тоа што се обидуваат да останат поврзани од далечина.
По стотиците разговори по телефон ќе посакате да бидете со таа личност. Тогаш сепак ќе сфатите дека практично тоа е невозможно.
Најдоброто нешто што може да го направите за себе е да стоите подалеку од овие „опасни мажи” и да се обидете да ја најдете својата сродна душа.