Правите ли разлика помеѓу љубов и приврзаност?

22 февруари, 20160
5

Има огромна разлика меѓу заљубеност и приврзаност и најчесто на почеток од врска навистина не знаеме да ги разликуваме овие работи. Заљубеноста е она кон кое сите тежиме, приврзаноста е моментална привлечност која не влече како магнетско поле кон другата личност.

Зошто тогаш толку ги мешаме? Која е разликата меѓу заљубување и приврзаност и како да ги разликуваме овие две? Денес ви даваме одговор на вашите прашања!

1 . Љубовта е страствена, приврзаноста е апатична

Љубовта и заљубеноста се полни со страст, полни со чувства. Кога се работи за љубов, тогаш секоја емоција ја чувствуваме подлабоко, добрите, но и лошите. Кај приврзаноста имаме апатичност. Да, кај приврзаноста имаме привид на чувства, но кога ќе спласне првичната еуфорија, останува рамнодушноста.

2. Љубовта е несебична, приврзаноста е нарцисоидна

Кога сме искрено заљубени, навистина се грижиме за другиот, се обидуваме да го направиме среќен и искрено внимаваме на туѓите чувства. Кога се работи за приврзаност, тогаш личноста се грижи само како таа се чувствува во врската, што таа сака, што таа мисли и не и е баш грижа за тоа што чувствува и мисли партнерот. Приврзаноста ја краси себичноста, а заљубеноста несебичноста.

3. Љубовта е тешка, приврзаноста е тешка кога не сте заедно

За љубов е потребен труд, напорна работа. Љубовта е тешка, особено кога е вистинска. Треба да се поминат многу препреки и многу проблеми. А кај приврзаноста, тешкотијата е само кога партнерите се одвоени. Приврзаноста ја одликува еуфорија која предизвикува на човек премногу да му недостасува партнерот, но од друга страна се работи за површни емоции кои не одат подлабоко и затоа е во принцип лесно да се одржува.

4. Љубовта ве ослободува, приврзаноста е посесивна

Љубовта прави да се чувствувате како да имате крилја, а приврзаноста сака да ви ги скрати крилјата. Приврзаноста прави да сакате да го заробите другиот во кафез, а љубовта дава поддршка и сигурност и слобода да живеете со полни гради. Приврзаноста ве влече надолу, додека пак љубовта ве крева нагоре и ви дава сила и поттик да го освоите светот.

5. Љубовта ве просветлува, приврзаноста сака моќ

Љубовта нема суета, љубовта ве учи на нови лекции за животот, љубовта ве просветлува. Приврзаноста е суетна, приврзаноста сака да има моќ над другиот, да го држи во шака, да го држи потчинет. Љубовта ќе ве направи помудри, приврзаноста ќе ви ги заслепи очите по лудата желба за доминација и его.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi