Преубавата Камерон Дијаз без шминка на насловната страна на новата книга

22 јануари, 20160
2

Познатата американска актерка Камерон Дијаз неодамна ја објави новата книга под називот “The Longevity Book” на која позираше скоро без шминка.
камеронОвој пат таа не дозволила употреба на фотошоп, па се гледа секоја бора којашто го краси нејзиното насмеано лице.

Она што ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, фановите на Камерон Дијаз и медиумите, е реакцијата на нејзинот сопруг Бенџамин Маден, која ја објави фотографијата од насловната страна со многу трогателен напис.

“Не можам да бидам повеќе горд на својата жена. Се буди секој ден со мисија да проба да го направи светот подобро место. Секогаш сум задоволен од нејзината храброст, сила и чувствителноста која ја покажува, неуморливо охрабрувајќи ги жените да се сакаат себе си. Беше интересно да се гледа патот на настанувањето на новата книга со неа”, напиша Бенџамин на Инстаграм со хаштагот #lovemywife.
камерон1Ова не е прв пат Бенџамин да ја изрази својата љубов кон сопругата по пат на социјалните мрежи. Сите го паметат денот кога Камерон го прославуваше роденденот, бидејќи тој и честиташе на Инстаграм со пораката дека е најсреќниот маж на светот, бидејќи ќе ја сака до крајот на својот живот.
камерон2Инаку, парот се венчаше на 5-ти јануари минатата година, после 17 дневна свршувачка. Новата книга на Камерон Дијаз зборува за стареењето, биологијата на силата и привилегијата на времето, а ќе излезе во април оваа година.
камерон3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi