Сараевски ќебапи

11 февруари, 20160
14

Сараевските ќебапи станаа препознатлив бренд во цел свет и долго се криеше рецептот за нив, а сега прв пат е објавен рецептот – како се прават традиционални сараевски ќебапи, оние чаршиските по кои Сараево е препознатлив град.

Еве како сами да направите смеса за ќебапи:

Поентата е во доброто месо, начинот на подготовка, и смесата добро да отстои.

Се што ви е потребно за вистински ќебапи е:

1.5 кг мелено телешко месо,

0.5 кг јагнешко,

4-5 чешниња бел лук

сол

2 лажички сода бикарбона.

Начин на подготовка:

Месото исечено на коцки добро насолете го, измешајте го и полијте го со околу 100мл вода и лук кој претходно малку сте го подвариле. Смесата измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Следниот ден смесата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер. Пред да почнете да обликувате ќебапи во смесата додадете сода бикарбона и тоа е тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber