Се сомневате во комшиите? Еве како да проверите дали некој ви краде интернет!
24 февруари, 20160
Забележувате дека некој го краде интернетот кој вие го плаќате? Доколку сакате да дознаете дали некој се „закачил“ на вашата Wi-Fi мрежа, постои едноставно решение да ги откриете „крадците“.
Wireless Network Watcher е алатка која на Windows компјутерите ќе овозможи преглед на сите уреди и компјутери поврзани на домашната мрежа.
Иако инсталацијата и покренувањето на програмата се крајно едноставни, потребна е малку детективска работа за да ги откриете натрапниците.
Од помош ќе ви биде поглед на Device Name, Device Information и User Text полињата кои ќе ви прикажат податоци за полесно идентификување.
Оваа алатка може да ја преземете ТУКА.