Седум зачини и билки против рак

11 септември, 20160
19
  1. Ѓумбир

Ѓумбирот одамна се користи во народната медицина како лек против сé од настинки до запек. Ѓумбирот може да се користи свеж, во мелена форма (ѓумбир зачин) или кандиран. Иако вкусот на свежиот и мелениот ѓумбир значително се разликуваат еден од друг, може да се замени едниот за другиот во многу рецепти. Генерално, можете да замените 1/8 кафена лажичка мелен ѓумбир со 1 супена лажица свеж рендан ѓумбир и обратно.

Консумирањето на ѓумбир и производи од ѓумбир, во комбинација со било кои препишани лекови против мачнина, може да понуди комфорт за болешливиот стомак при лекувањето од рак.

 

  1. Рузмарин

Рузмаринот е средоземна билка со силен, дрвенест вкус, има листови како иглички и е добар извор на антиоксиданси. Поради неговото потекло, рузмаринот обично се користи во медитеранските кујни и често се среќава како примарна состојка во италијанските зачини. Можете да го користите за додатен вкус во супи, сосови на база од домати, леб, и високо-протеински јадења како пилешко, говедско и јагнешко месо.

Рузмаринот може да помогне со детоксификација, промени во вкусот, лошо варење на храната, гасови и надуеност и други дигестивни проблеми, како и при губиток на апетитот. Пробајте да пиете до три шољи чај од листови од рузмарин дневно за олеснување на овие проблеми.

 

  1. Куркума

Куркумата е билка од семејството на ѓумбир и една од состојките што ја даваат жолтата боја и карактеристичен вкус на многу кари зачини. Куркумин е активната состојка во куркумата. Оваа состојка има демонстрирано антиоксиданти и анти-воспалителни својства и можно е да штити од развој на рак.

Моментално се проучуваат додатоци на исхраната од куркума со цел да се види дали играат улога во превенцијата и лекување на некои видови рак, вклучувајќи рак на дебелото црево, простата, дојка и рак на кожа. Иако досегашнте резултати ветуваат многу, тие се во голема мера обсервирани во лабораториски и студии на животни, па сеуште е нејасно дали овие резултати ќе се покажат конечно и кај луѓето.

 

  1. Чили пиперки

Чили пиперките содржат капсаицин, состојка што олеснува болка. Кога се нанесува капсаицинот надворешно на кожата тој ослободува хемиска субстанца наречена субстанца П. Со континуирана употреба, количината на субстанцата П што се произведува во тој предел се намалува со што ја олеснува болката во тој предел. Но, ова не значи дека треба да се мачкате со чили пиперки кадешто имате болка. Со чили пиперките мора да се ракува многу внимателно бидејќи тие можат да предизвикаат изгоретини ако дојдат во допир со кожата.

Затоа, доколку имате болки  и сакате да ја искористите моќта на чили пиперките, прашајте го Вашиот онколог или доктор да ви препише крема на база на капсаицин. Капсаицинот има покажано многу добри резултати при третирање на невропатична болка (остра, шокирачка болка што го следи патот на нерв) после операција за рак.

Друга придобивка од чили пиперките е тоа што тие можеби помагаат со лошо варење. Ви звучи контраинтуитивно, така? Но некои студии имаат покажано дека внесување на мали дози на чили може да го олесни лошото варење.

 

  1. Лук

Лукот и припаѓа на allium класата на растенија со форма на луковица, меѓу кои се и празот, кромидот и младиот кромид. Лукот содржи висока доза на сулфур и е исто така добар извор на аргинин, олигосахариди, флавоноиди и селен – што можат да бидат корисни за здравјето. Активната состојка на лукот, наречена алицин, му го дава карактеристичниот мирис а се ослободува кога главиците лук се сецкаат, кршат или се оштетуваат на друг начин.

Повеќе студии укажуваат дека зголемено консумирање на лук го намалува ризикот од рак на стомак, дебело црево, хранопровод, панкреас и дојка. Изгледа дека лукот може да штити од рак преку повеќе механизми, вклучувајќи и инхибирање на бактеријални инфекции и формирањето на  субстанци што предизвикуваат рак, промовирање на обнова на ДНК и поттикнување смрт на клетките на рак. Лукот поттикнува детоксификација и исто така го поддржува имуниот систем, и помага во намалување на крвниот притисок.

 

  1. Нане

Питомото нане е природно хибридно вкрстување помеѓу водното нане и зеленото нане. Тоа се користи илјадници години како дигестивно помагало при олеснување на гасови, лошо варење, грчеви и дијареа. Исто така, може да помогне при симптоми на синдром на раздразливо црево и труење со храна. Нането ги смирува мускулите на стомакот и го подобрува текот на жолчта, овозможувајќи и на храната да помине низ стомакот побрзо.

Доколку Вашиот рак или третман ви го вознемируваат стомакот, пробајте да се напиете шоља чај од нане. Постојат многу комерцијални врсти на пазарот, или можете да си го подготвите сами со зовривање на исушени листови нане во вода или да додадете свежи листови во зовриена вода и да ги оставите да се натопуваат неколку минути додека чајот ја добие посакуваната јачина.

Нането може и да смири воспалено грло. Поради оваа причина, тоа понекогаш се користи за олеснување на болни рани на устата што можат да произлезат од хемотерапија и радијација или е клучна состојка при лекување на овој здравствен проблем.

 

  1. Камилица

Се смета дека камилицата има медицинска корист и се користи низ историјата за лекување на разни болести. Камилицата помага со проблеми со спиењето, па доколку Ви е спиењето проблем, пробајте да се напиете силен чај од камилица непосредно пред да легнете.

Испирањето на уста со камилица е проучувано за спречување и третирање на рани во устата предизвикани од хемотерапија и терапија со радијација. Иако се резултатите исмешани, неможе да наштети да се испроба сé додека Вашиот онколог нема ништо против тоа. Ако Ви дозволат,  едноставно подгответе го чајот, оставете го да се излади и измијте се и правете гаргара колку често сакате.

Чајот од камилица може да послужи и за справување со дигестивни проблеми, вклучувајќи и стомачни болки и грчеви. Камилицата помага при опуштање на контракции на мускулите, и особено им помага на мускулите на цревата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma