Шарлиз Терон заведува во долг црн фустан од Диор!
21 февруари, 20160

Појавувањата на Шарлиз Терон на црвениот тепих ретко не се проследени со море од комплименти. Убавата актерка уште еднаш ги размрда устите на модните критичари во позитивна смисла.
40-годишната холивудска ѕвезда присуствуваше на „Cinema for Peace Gala“, манифестација која се одржа во рамките на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал.
Популарната актерка присуствуваше во улога на претставник на „The Africa Outreach Project“, хуманитарна организација основата од Терон која им помага на младите од Африка да се заштитат од ХИВ/СИДА.