Топлото лето е многу далеку, но малку сонување на јаве не е на одмет. Нема ништо лошо во тоа од сега да почнете да размислувате каде ќе се брчкате следново лето…
Островите Бусуанга, Филипини
Уживајте на плажи кои го одземаат здивот и кристално чиста вода.
Капри, Италија
Истражете ги божествените пештери или излежувајте се во песокот.
Самовилските базени на островот Скај, Шкотска
Лагините кои ја прошаруваат планината Куилин се вистински природни чуда.
Санторини, Грција
Брчнете се во сината вода додека сонцето заоѓа зад вас.
Островот Гозо, Малта
Пливајте низ познатиот Азурен прозорец или останете во плиткото.
Кауаи, Хаваи
Пливајте покрај кокосовите дрва или гледајте како сонцето заоѓа преку брановите.
Керала, Индија
Побарајте сенка под рибарските бродчиња или разладете ги нозете во морската пена.
Алгарве, Португалија
Златен песок, чиста вода и занемувачки пејзаж.
Хамерслеј Џорџ, Националниот парк Кариџини, Северозападна Австралија
Природни топли извори сред националниот парк. Како од сон!
Бора Бора, Француска Полинезија
Рај на земјата.
Плажата Хахеј на полусостровот Коромандел, Нов Зеланд
Бел песок, примамаливи бранови и морско ветренце. Перфекција.
Памук кале, Хиераполис, Турција
Натопете ги уморните коски во природните топли извори.