Evan Switzer додека шетал низ шума во австралиски Квинсленд забележал несекојдневна глетка.
Имено, тој снимил мажјак кенгур кој немоќно го држи телото на својата партнерка, додека нивното младенче сето тоа го набљудува.
– Гледав додека се обидуваше да ја подигне. Таа немоќно гледаше во своето младенче и умираше, рекол тој.
Посебно, како што тврди, било трогателно да се гледа мајката како последен пат го допира своето младенче.
Фотографиите, навистина, се трогателни…