Тајната на Бермудскиот триаголник е откриена: „Сè е една голема лага“

28 ноември, 20160
1

Неодамна еден документарец наводно ја открил тајната на Бермудскиот триаголник. Научниците ги обвиниле облаците, кои се појавуваат во облик на шестоаголник, кои носат силни ветришта и огромни бранови. Меѓутоа, во сето тоа, постои еден проблем…

Дали верувате во мистериите на Бермудскиот триаголник? Тоа е област во Атланскиот океан, која се граничи со Флорида, Бермуда и Порторико. Исто така е еден од најпрометните патишта за испорака на роба, и наводно место каде многу бродови и авиони мистериозно исчезнале.

Бермудскиот триаголник е мит, како што пренесе „Бизнис Инсајдер“.

1950 година, новинар лансирал гласини, кои подоцна се пренесени и преработени во магазини и книги.

Но, кога пилотот Лари Куше го истражил овој триаголник, открил дека повеќето извештаи се или погрешни или чисти измислици.

Денес, најценетите извори целосно ги отфрлаат мистериите за Бермудскиот триаголник.

А што е со облаците во облик на шестоаголник?

Се утврдило дека не биле забележани само над Бермудскиот триаголник, туку забележани се и над Северното море, што укажува само на тоа дека бродовите и авионите би требало да внимаваат на нив, а не на наводниот Бермудски триаголник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi