Судејќи по овие фотографии, Авганистан 1960-тите години била многу помодерна и понапредна земја отколку денес.
Оваа интересна колекција фотографии ја направил професор др. Бил Подлих од Аризона кој одлучил да го остави животот во Америка и да отпатува во Кабул со сопругата Маргарет и двете ќерки.
Самите фотографии го прикажуваат мирољубивиот Авганистан кој на големо бил про-западно ориентиран, тотална спротивност од она што е сега.
Идиличните снимки настанале 1967 година во времето кога професорот, работејќи во УНЕСКО, добил работа во Вишата учителска школа во Кабул.
Воспоставувајќи добри односи со тамошното население, овој фотограф-аматер одлучил на овој начин да го документира нивниот начин на живот.