Vision 8: Како би можел да изгледа Aston Martin во иднината?

popara30 декември, 20161min00
11

Aston Martin периодов работи на развој во нова насока, па освен желбата да се натпреварува со останатите брендови, работи и на тоа да биде предводник во полето на врвните перформанси. Пример за тоа е проектот Aston Martin AM-RB 001 за хипер автомобил што го развиваат заедно со Red Bull.

Откако тој автомобил ќе се појави на пазарот, Aston Martin планира да го наследи со суперавтомобил со централно поставен мотор.

Иако засега нема најави како ќе изгледа тој модел, дизајнерот Костас Фоуфулидас направи сопствена дизајнерска студија во која покажува како би изгледал V8 Vantage од иднината.

Станува збор за концептот Vision 8 кој има инспирација од DB11, како и многу футуристички детали.

Интересно решение е и ветробранското стакло кое се слева кон страничните прозорци, а интересно е и дека комплетно нема задно стакло.

Никој не знае дали Aston Martin автомобилите во иднина ќе изгледаат вака, но оваа студија покажува во која насока би можеле да се развиваат автомобилите на британскиот спортски бренд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag