Една жена тврди дека во машината за перење го испрала тикетот за лотарија кој би можел да и донесе добивка од 43,6 милиони евра!
Жената дошла на продажно место на лотаријата во Ворчестер со оштетен тикет за кој верува дека ја има добитната комбинација.
Меѓутоа, на тикетот не се гледа датумот, бар кодот и серискиот код.
Несреќната жена, чие име не и е познато на јавноста, наводно добитното ливче го заборавила во џебот од фармерките кои ги ставила во машината за перење. Поради тоа не е во можност да докаже дека нејзиното ливче е добитно,
Од лотаријата Камелот изјавиле дека се запознаени со целиот случај и дека го истражуваат.