Сара Џесика Паркер ги израдува жените на најубав начин, таа одлучи да го прошири своето поле на дизајнирање, и колекцијата на чевли да ја дополни и со фустани, и тоа – мали црни фустани. Првата колекција ќе ја претстави во октомври, а првиот модел го најавува како изненадување.
Сара ја соопшти оваа вест во свој стил, во преубав мини фустан со кратка снимка на Инстаграм.
Деталите од колекцијата ги чува во тајност, но откри дека фустаните ќе се произведуваат во САД и дека ќе бидат достапни во “Bloomingdales”.
Се очекува, со причина, дека многу фустани ќе бидат инспирирани од облеката која, Сара играјќи ја Кери Бредшо, ја носеше во серијата “Сексот и градот”. Инаку, ова не е прв пат Сара да дизајнира облека, го работеше тоа и порано за “Halston Heritage” и со својата работа, значително ја унапреди неговата работа, од јануари 2010 до јули 2011.