Зошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?

3 јануари, 20160
12

1. Претпоставуваме дека мажите и онака се лоши

Многу добро ја знаеме познатата изрека: „Сите мажи се исти“. Но, факт е дека мажите се оние кои ги извршуваат повеќето ужасни криминални акти кои ги гледаме на ТВ или ги читаме по весниците.

„Постои мислење дека мажите се кучиња, а жените се добри. Кога жените ќе направат нешто лошо, полесно е да им се налутиме бидејќи мислиме дека се однесуваат различно од нивната вистинска природа“, вели д-р Кристин Хартмен, бихевиористички научник и експерт за односите помеѓу луѓето.
Тоа е како да прекршиле некој свет закон. Жената се смета за лошата вештерка, додека мажот е обвинет дека направил грешка, кога во реалноста, тој е личноста која прекршила некаков договор.

2. Полесно е да ја мразиме „Неа“

„Другата жена е лесна цел – особено ако не ја познавате или ако не е ваш пријател. Мразењето на личноста која ја сакате, од друга страна, е збунувачко. Ако го обвинувате него, почнувате да си поставувате прашања од типот ‘Што ако мојот брак или мојата врска е лага?’ или ‘Дали ќе бидам сама до крајот на животот?’ Така, поголемиот дел од времето ја мразиме и обвинуваме неа бидејќи планираме да останеме, но ни треба нешто или некој врз кој ќе го истуриме сиот гнев“, вели д-р Бренди Енглер, психолог и автор на книгата „Мажите на мојот кауч“.
3. Мислиме дека таа го завела

„Мислиме дека ако се ослободиме од неа, сѐ ќе биде во ред. Ја гледаме како виновникот кој го заведува мажот и затоа му е лесно да изневерува. Но, знаеме дека има милиони причини зошто мажите изневеруваат и обично тоа не е толку едноставен проблем каде единственото решение е да се ослободиме од другата жена. Тоа е исто како да сме ублажиле само еден симптом“, вели Хартмен.
Што е најефективно? Заборавете ја одмаздата кон другата жена и обидете се да го разберете неговото однесување.

„Ретко кога мажите изневеруваат бидејќи нивната партнерка не е привлечна или пак, личноста со која ве изневерувал била поубава. Обично тој тоа го прави бидејќи е лут на својата партнерка или не му биле задоволени емоционалните и физичките потреби“, вели Енглер.
Наредниот пат кога ќе тешите некој пријател кој бил изневерен или кога ќе се соочувате со ситуација каде вие сте изневерената личност, смирете го искушението да ѝ се одмаздите на другата жена. На крајот од денот, таа е само уште една личност во потрага по љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *