Зошто се будите уморни?

27 октомври, 20160
4

Сé повеќе луѓе имаат проблеми со спиењето, лош сон и тешко заспивање.

Сте легнале мртви уморни, а сте се разбудиле во уште полоша состојба? Ќе ви биде полесно кога ќе чуете дека не сте единствени.

Ново истражување покажува дека поголемиот дел од луѓето денес имаат проблеми со спиењето.

Дури половина од луѓето имаат проблеми да заспијат и покрај тоа се будат во текот на ноќта. Најчестата препрека за добар сон е бучавата што доаѓа од кај соседите, од улицата или од партнерот кој хрчи, велат научниците.

Во просек, на луѓето им се потребни дури 46 минути да потонат во сон, а откриено е дека главната причина за тоа е консумирањето премногу кофеин во текот на денот, како и стресот.

„Со напорниот животен ритам, сонот е една од основните потреби за да ги издржиме сите обврски“, вели докторката Џен Тан и додава дека е важно да спиеме барем седум часа за да имаме доволно енергија за следниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma