
Очите се еден од најделикантните и уникатни органи на нашето тело, чија мистериозност и комплексност и до денешен ден претставува предмет на истражување за научниците и медицината. Во оваа денешна дигитална ера често забораваме на нивната бесценетост, истоштувајќи ги со целодневно гледање во мониторите на нашите компјутери. Во листата подолу ви откриваме 20 неверојатни факти за очите, кои ќе ви покажат дека тие заслужуваат поголема грижа и внимание:
1. Зеницата на окото се шири до 45% кога ќе погледнете во некој што го сакате.
2. Човечките рожници се толку слични со оние на ајкулата, што се користат како замена при човечките операции на очите.
3. Секое око содржи 107 милиони клетки, и сите од нив се чувствителни на светлина.
4. Еден од 12 мажи е далтонист.
5. Човечкото око гледа само три бои: црвена, сина и зелена боја. Сите други бои се комбинација од овие.
6. Твоите очи се големи околу 2,5 см во пречник и тежат околу 8 грама.
7. Само една шестина од човечкото око е изложено.
8. Во просечниот живот, очите гледаат 24 милиони различни слики.
9. Додека отпечатокот има 40 уникатни карактеристики, ирисот има 256. Ова е причината зошто мрежницата се повеќе се скенира и користи за безбедносни цели.
10. Луѓето понекогаш брзината ја споредуваат со трепкањето, бидејќи тоа е најбрзиот мускул во телото. Едно трепкање обично трае од 100 до 150 милисекунди, а капаците можно е да трепкаат и до пет пати во секунда.
11. Очите можат да процесираат околу 36.000 битови на информации на секој час.
12. Очите во просек трепкаат 17 пати во минута, 14.280 пати на ден, а 5,2 милиони пати годишно.
13. Кафените очи се всушност сини под кафеавата боја, и како резултат на тоа постои процедура со ласер со која можете да ги претворите кафеавите очи во сини – трајно.
14. Окото може да се фокусира на околу 50 работи во секунда.
15. Сликите што нашите очи ги испраќаат до мозокот се всушност пратени превртени и со главата надолу.
16. Од сите мускули во вашето тело, мускулите кои ги контролираат очите се најактивни.
17. Секоја трепка има животен век од околу пет месеци.
18. Маите верувале дека луѓето со страбизам се привлечни, и правеле напори за да ги „искриват“ очите на децата.
19. Пред 10.000 години, очите на сите луѓе биле кафени, се додека некој не развил мутација која ги претворила во сини. Ова значи дека доколку вашите очи се сини, тогаш сте далечен роднина на оваа индивидуа која некогаш била единствена во светот.
20. Шизофренијата може да се открие со 98.3% точност, правејќи едноставен тест на очите.