
Холивудската актерка Џенифер Лоренс неодамна ја посети Виена, каде го снима својот најнов филм, трилерот Red Sparrow.
По бурните снимања, американската ѕвезда одлучи да го посети во популарниот градски клуб и таму да се релаксира со музика и танц.
Очигледно е дека вечерта премногу испила алкохол и папараците ја фатија во непримерена состојба.
Видео снимката на која таа танцува околу шипка и се тетерави на сцената, додека наводно наместо блуза носела само градник, ја видоа сите.
Заморена од медиумското внимание и коментарите кои беа поставени по поминатата бурна ноќ, Џенифер одлучи да објасни што навистина се случило таа ноќ.
„Беше роденден на мојата најдобра пријателка и јас навистина немам намера да се извинам. Си поминав убаво“, рече актерката.
“Да бидам искрена, играв многу добро. Дури и покрај тоа што немав сила”.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=tJ6-vGRlEdc