2018 Ford Mustang кабриолет

24 март, 20170
11

Ford го претстави новиот Mustang кабриолет модел за 2018-та, кој е дел од шестата генерација на овој мускулест автомобил, а ќе има малку сменет изглед, подобрена технологија како и механички измени.

Како и купе моделот, новиот кабриолет има нова предница со изменет браник и отвори, како и потенки фарови.

Како дел од унапредувањата на овој модел, подобрени се и двата мотора понудени како избор – 2.3 литарскиот Ecoboost со 4 цилиндри и 5.0 литараскиот V8 GT, кои Ford ги имаат прилагодено да продуцираат поголема моќност и вртежен момент, иако не се објавени никакви официјални цифри колку тие ќе изнесуваат.

Новиот Mustang нема да има 6 брзински автоматски менувач, туку нов 10 брзински, а 6 брзински мануелен ќе биде понуден како дополнителна опција, и ќе биде прилагоден кон новите цифри за вртежен момент и моќност. Како опција ќе бидат понудени и MagneRide амортизери, кои ќе бидат дел од Performance пакетот.

Новата технологија во кабината ќе вклучува нова 12 инчна дигитална инструмент табла, MyMode мемориски функции кои ќе ги помнат клучните нагодувања на автомобилот, нов асистент на возачот кој ќе детектира можност за судар и следствено на тоа ќе го прилагодува автомобилот, а ќе може да детектира и пешаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi