Морската сол, сонцето, хлорот во базените…сите можат да влијаат штетно на косата. За да се вратите од одмор здрави, убави и без оштетена коса, избегнувајте ги овие 5 грешки.
На косата во текот на летото и е потребно дополнителна заштита. Таа треба да се храни со масла или маски. Еве кои се најчестите грешки:
- Фарбање на косата пред заминување на море. Овој третман мора да се направи две до три недели порано.
- Користење на пена или лак за коса – ја сушат косата.
- Тенката коса ја храните со маслиново масло – ова средство е одлично за густа и долга коса. Не се препорачува на тенка, нежна и кратка коса бидејќи премногу ќе се замасти.
- Косата ја чешлате штом излезете од вода – влакното е покршливо од морската сол и не се препорачува чешлање. Направете го тоа откако ќе ја исплакнете косата, со чешел со широки запци.
- Косата ја држите врзана – така таа може најмногу да се оштети.