5 природни производи кои се штетни за вашата кожа

24 февруари, 20170
14

Станавте експерт за читање декларации на козметичките производи, обидувајќи се да запаметите дека парабените се особено штетни по вашето здравје.

Преферирате да ѝ дадете предност на органската препаративна козметика, а неретко посегнувате по одредени намирници директно од природата.

Но, не секој природен „жив“ или готов производ му прави добра услуга на вашето лице.

Ова се 5-те производи кои ѝ наштетуваат на кожата:

Лимон

Лимонот е корисен за многу работи, но сепак имајте превид дека ја уништува деликатната кожа на лицето.

pH вредноста на ова цитрусно овошје изнесува 2, додека она на нашата кожа околу 6.5, што го прави лимонот високо киселински. Тој ја иритира кожата и го нарушува балансот, а на понежната кожа може да предизвика и хемиски изгореници.

Сода бикарбона

Веројатно сте слушнале како сода бикарбоната е дел од многу домашни маски за разубавување.

За разлика од лимонот, содата има pH вредност 9 и е високо алкална. Тоа значи дека има силна способност да ја оштети надворешната кожна бариера (епидермисот) и да ја пресуши кожата. Ова воедно ја прави кожата поподложна на бактериски инфекции.

Паста за заби

Многумина се колнат дека доволно е да се нанесе само мала количина паста за заби врз акната и таа магично да исчезне. Пастата за заби слично како и сода бикарбоната е високо алкална и дополнително ја иритира кожата.

Шеќер

Белиот шеќер во гранули е одличен за пилинг на нозете или онаму каде што имате задебелена погруба кожа, но сепак има лошо влијание врз нежната кожа на лицето и ја иритира кожата со видливи оштетувања.

Бел оцет

И белиот оцет има многу висока pH вредност и никако не смее да се употребува врз кожата, ниту самостојно ниту пак во комбинација со други природни производи.

Со оглед на фактот што белиот оцет се употребува за чистење на домот и тврдокорните бактерии и наслаги, колку сметате дека е паметна идејата да го ставите врз вашето лице?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi